КРАЈ НА ТОПЛОТО ВРЕМЕ: Денешното студено – дождливо утро ги потсети прилепчани дека веќе е есен!
Врз основа на временската прогноза, очигледно е дека вчера беше последниот топол ден за овој период. Веќе од денес, дождот ќе биде чест гостин по прилепските улици, меѓутоа не баш секој ден бидејќи во наредните три дена ќе имаме студено време, кое ќе биде проследено со сончеви периоди.
Како што нагласивме, времето во наредните денови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, меѓутоа не е исклучена и можноста за повремени локални врнежи од дожд.