ЛАТАС: Ова не се единствените две убиства на Палчо – човек кој убива првпат не може така да реагира и да се однесува
Вчера вечерта новинарот Драган Павловиќ Латас во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ на телевизија Алфа, меѓудругото истакна:
“Втората работа, од која јас сум шокиран скоро и колку веста за Вања. Јас го гледав Палчо во саати и во денови што се дешава непосредно пред убиството, првото убиство, времето до второто убиство и по второто убиство. Значи тој, условно, убива човек во Велес, потоа три четири дена живее најнормално во Скопје. Вториот ден има емисија на својот подкаст, убива девојче после тоа и си оди за Србија. И сега доаѓаме до заклучок, јас сум гледал луѓе во Србија кои беа по 10 години во војна, вклучително и Косово, 10 години. Сум гледал луѓе во Македонија кои имаа мини војна, луже со пореметен ум, од ратови, од убиства, инвалиди, загинати, сешто. Но, не сум видел таква концентрација, таква контрола на зло, така пореметен ум кој е опериран од емоции само во еден филм „Кога јагнињата ќе стивнат“ за Ханибал Лектор и Палчо. Само овие две лица, кои на филм убиле, и кои веројатно во живот убиле се однесуваат така” – истакна Латас.