ПОГЛЕДНЕТЕ: Во Прилеп, реки од народ на шоуто со Никола Тодороски
Во средата вечерта, молкот и тишината беа единствената слика која доминираше во прилепската чаршија, и на прилепскиот плоштад. А како да има луѓе во центарот на Прилеп, кога нашиот прилечанец Гоце Балада и “Балада Арт Продукција”, повторно организираа уште еден совршен-беспрекорен настан – настан за паметење!
Овој пат изборот на Балада беше неговиот пријател, најбараниот комичар и мајстор за стендап шоу – Никола Тодороски . Покрај неговите настапи кој овој месец Никола ги имаше во голем број на градови низ Македонија, по барање на прилепската публика Балада Арт Продукција повторно го донесе и во Прилеп. Настанот се одржа во М.Цепенков во преполната сала. Гоце Балада за прилепчани подготвува уште еден одличен настан за паметењe, а тоа е новиот ексклузивен стендап, најпопуларното стендап дуо Тино и Атанас доаѓаат во Прилеп на 11.12.2023 во НУЦК Марко Цепенков. Почетокот на шоуто е во 20 часот, а добредојдени се сите кои имаат +16 години.Станува збор за нивното стендап шоу на македонски јазик –“ТРАНСАКЦИОНА АНАЛИЗА, со кое постојано ги полнат салите низ Македонија – и тоа по неколку пати, а наскоро ПРЕМИЕРНО ќе го изведат во Прилеп. Со сигурност Ве уверуваме дека ќе Ве насмеат до солзи, а дека ќе биде вистински спектакл -Ви гарантираме со сигурност, бидејќи нашата екипа постојано ги следи нивните настапи. За Прилеп најавено е само едно стендап шоу и за истото нема да има реприза, па затоа резервирајте си на време – за да не ве фаќа криза! Резервации 24/7 на 078/ 66-77-97. Билет: 250 денари.