Јане Ченто се врати во затворот во Штип

Сподели го ова:
























По настаните во Собранието на 27-ми април, откако беше притворен и затворен, Јане Ченто овој викенд за прв пат излезе на слобода – меѓутоа само на слободен викенд.

Јане, викендот го искористи за да помине мигови со неговото семејство, како и да оствари средби со своите поддржувачи и истомисленици. Меѓутоа, покрај краткиот викенд, Јане Ченто вчера повторно се врати во затворот во Штип каде што ја отслужува затворската казна. Голем број на прилепчани како и секогаш – така и викендов кој измина, му ја дадоа нивната поддршка со надеж за негово што побрзо ослободување.

Како што објавивме претходно, викендов кој измина Јане Ченто оствари средба и со претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп Дејан Проданоски.

Поддршка за Јане Ченто! Слобода за уставобранителите! – истакна Проданоски на социјалните мрежи.




Сподели го ова:

Слични објави