СОЛЗИ ПРАВАТ ЗЛАТЕН ПРСТЕН: Тоше, конечно е исполнета твојата најголема желба! Почивај во мир!
Познатиот манастир Свето Преображение кој се наоѓа над Крушево, конечно го доби својот целосен манастирски сјај. Манастирот после долги години на градба, конечно беше осветен, а најзаслужен за подигањето на манастирскиот комплекс е Тоше Проески.
Манастирот денеска беше осветен од страна на Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Во манастирот, на еден од ѕидовите насликан е ликот на Тоше, кој потсетува на нашиот непрежален ангел.

