Запален е познат угостителски објект во Прилеп

Сподели го ова:


























Утрово (10.10.2024) нешто околу 02.00 часот било пријавено дека со употреба на сила било влезено во угостителски објект на ул.„Архиепископ Доситеј“, при што со запалива течност бил предизвикан пожар во објектот. Како последица на сето ова биле оштетени ѕидовите и еден дел од инвентарот во самиот угостителски објект.

За среќа повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од страна на ТППЕ-Прилеп.

Увид бил извршен од страна на увидна екипа, а за настанот известен е и јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.




Сподели го ова:

Слични објави