Манастирот во градба “св.Василиј Острошки” во прилепско Чумово, ќе ја одбележи својата слава

Сподели го ова:
























 Во недела е славата посветена на големиот чудотворец св. Василиј Острошки. Неговите мошти останааа цели и целебни, нераспадливи и чудотворни до денешен ден. Чудата на гробот на Св. Василиј се безбројни. Кон неговите мошти притекнуваат и христијаните и муслиманите и наоѓаат исцеленија во најтешките маки и болести. Светите мошти се наоѓаат во манастирот во Црна Гора.

Имено, во недела е и манастирската слава на Манастирот во градба св.Василиј Острошки во прилепско Чумово. Се покануваат сите верници од Православна вероисповед на 12-ти мај на свечена литургија во 11 часот во манастирот св.Василиј Острошки во село Чумово.

Веднаш потоа, следува ручек и пријатна забава.




Сподели го ова:

Слични објави