Унијата на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп на пригоден начин заедно со жените Ромки го одбележа Денешниот празник, христијански “Ѓурѓовден” или “Ерделез” со штанд од традиционални закуски

Сподели го ова:
























Унијата на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп на пригоден начин, заедно со жените Ромки, го одбележа денешниот празник, христијански “Ѓурѓовден” или “Ерделез” со штанд од традиционални закуски. Имено, Унијата на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп секогаш се залага за промовирањето на еднаквоста и недискриминацијата на Ромите во Република Македонија. Како партија имаат конкретен план, кој што ќе води подобрување на квалитетот на животот, образованието и инклузија во сите сфери на општеството со цел да се обезбедат подобри услови за развој и интеграција на нашите сограѓани Роми и нивната социјална и економска состојба. За таа цел соработуваме и со голем број домашни и странски организации и донатори.

“Празнувањето на празниците е значаен дел од традицијата на секоја етничка заедница. Денешниот празник, христијански Ѓурѓовден или Ерделез — традиционален празник на Ромите, Унијата на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП на пригоден начин заедно со жените Ромки го одбележа со штанд од традиционални закуски”-истакна претседателката на Унија на жени при О.К. на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп, Билјана Кузманоска.

Како што истакна претседателката на Унија на жени-Билјана Кузманоска Ромската заедница за неа претставува нераскинлив дел од нашето мултиетничко, мултикултурно и мултирелигиско општество во кое секојдневно се залагаме за надминување на стереотипите и бариерите со кои што се соочуваме.




Сподели го ова:

Слични објави