Спектакл во Крушево! На 09.12.2024 – премиера на најновата комедија на “Солза и смеа”
Крушевчани ќе се смеат на секои 5 секунди! “Солза и смеа” доаѓаат во Крушево со најновото комично шоу, кое ПРЕМИЕРНО ќе биде изведено во овој град. Овој месец популарните тв ликови од “Солза и смеа” ја започнаа својата голема турнеја во над 10 градови во Македонија – со нивната најнова урнебесна комедија, каде ги полнат салите до последното место! Во Крушево доаѓаат на 09.12.2024 година а комичното шоу е закажано за во 18:30h во Старата училишна зграда, сала која исто како лани, ќе биде претесна за да ги собере сите крушевчани кои ќе уживаат во смеата на овие добро познати комични ликови.
Нашата информативна екипа постојано ги следи нивните настапи во градовите низ Македонија, па можеме со сигурност да кажеме дека каде и да се појават постои огромен интерес за овие популарни ликови. Побрзајте, билети по цена од 250 денари може да си резервирате на тел. 076/ 833 -088 и 076 / 833 – 087.