Утре, патријархот Вартоломеј и архиепископот Стефан ќе одржат заедничка патријаршиска и синодална света литургија во патријаршискиот храм во Фанар

Сподели го ова:
























opstina

Утре во патријаршискиот храм во Фанар, поглаварите на двете цркви ќе одржат заедничка патријаршиска и синодална света литургија. Имено, г-дин г-дин Стефан во своето обраќање кон патријархот Вартоломеј кое беше веднаш по вчерашната Божествена литургија во вселенскиот Соборен храм „Св. Георгиј Победоносец” во Истанбул, му се заблагодари за прифаќање на нашето апелациско прибегнување, како и за востановувањето на литургиското општење со нашата Црква.

Како првојерарх на Охридскиот престол од името на свештениот Синод, на свештенојерархијата, на монаштвото и на верниот народ, како и од свое име, со преполно срце на уважување и почит, уште еднаш Ви благодарам, за честа со која не удостоивте и за срдечната љубов со која нè прегрнавте – соопштувајќи ни го благопријатниот Ваш суд за нашето апелациско прибегнување: востановувањето на литургиското општење со Вас и, преку Вас со полнотата на Православната Црква, истакна г-дин, г-дин Стефан, веднаш по Литургијата.




Сподели го ова:

Слични објави