Научниот институт за тутун -Прилеп, прослави 100 години постоење!

Сподели го ова:


























Денеска, Научниот институт за тутун во Прилеп, прослави 100 години постоење. Оваа институција е скапоцен дел од научното, образовното и економското наследство на нашиот град и нашата држава. Ви посакувам уште многу успешни години, многу генерации кои ќе слават нови вековни јубилеи, и уште многу достигнувања што ќе го збогатат тутунското производство и науката.

Научниот институт за тутун претставува вистински столб на науката и иновациите во земјоделството, особено во производството на нашето „жолто злато“ – тутунот.

Од своите почетоци, со селекција и создавање на првите автохтони сорти, па сѐ до денешниот статус на модерна и единствена научно-истражувачка и едукативна институција, Институтот ја има засилено репутацијата на Прилеп како центар на тутунското стопанство.

Стогодишното постоење на Научниот институт за тутун е сведоштво за неговата посветеност кон науката, образованието, применливите истражувања и поддршката на индустријата. Сите овие аспекти од неговото работење имаат директно влијание врз развојот на тутунското производство, не само во Прилеп, туку и пошироко. Ние, како прилепчани, сме горди што го имаме овој институт во нашиот град – симбол на традиција, иновација и извонредност.




Сподели го ова:

Слични објави