АЈДЕ БАШ ДА ВИДИМЕ: Од денеска и утре маслото за јадење ќе биде по намалена цена

Сподели го ова:


























Како што беше истакнато од страна на Лазов, од денеска и утре зејтин ќе има во сите маркети, и не се очекуваат некои поголеми поскапувања, а се очекува веднаш после после празникот цената да се стабилизира, и сите маркети да бидат полни со масло за јадење. Колку ова ќе биде точно, и дали ќе се оствари-останува да видиме.

“Не очекувам поскапувања. По празникот, цената ќе се стабилизира и маркетите ќе бидат полни со масло за јадење. Нема потреба граѓаните да прават залиха-ќе има доволно зејтин на пазарот”, изјави Лазов по средбата со министрите Бектеши и Николовски. Претходно, министрите уверија дека има доволно суровина за зејтин. Врз основа на сето ова, останува да видиме дали од денеска и утре маслото за јадење ќе биде по намалена цена, или пак ова е само уште едно празно ветување.




Сподели го ова:

Слични објави