Нашата земја од денеска-целосно воено интегрирана во НАТО

Сподели го ова:


Денеска официјално ќе се заокружи процесот на воено интегрирање на нашата земја во командните структури и во структурата на силите на Алијансата, со потпишувањето на заедничката декларација со НАТО. Како резултат на сето ова, денеска во Македонија ќе престојува Филип Лавињ-командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО, кој за почеток ќе оствари средба со министерката за одбрана и началникот на ГШ. Тема на официјалните разговори покрај заокружувањето на процесот на воена интеграција во структурите на НАТО ќе бидат и конкретните активности во процесот на модернизација и трансформација на Армијата во исполнување на целите на НАТО, како и запознавање со планираните вежбовни активности на нашата армија во следниот период. По завршување на состаноците Филип Лавињ ќе оствари средба со претседателот на Владата на нашата земја, а веднаш потоа ќе биде примен и од претседателот Пендаровски каде ќе се одржи и церемонија за потпишување на заедничката декларација за интеграција на нашата земја во структурите на НАТО со што и формално нашата земја ќе биде целосно воено интегрирана во НАТО – Алијансата.





Сподели го ова:

Слични објави