Попов: Законот за младинско учество затаи во реализацијата функционираат само локалните младински совети и тоа по стапувањето на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ

Сподели го ова:


Не можам да кажам дека Законот за младинско  учество до крај е успешна приказна, затоа што не се реализирале работите за кои заедно сме седнале и сме се договориле, а овој закон е направен за младите да добијат вклученост и да влијаат на политиките, изјави Сергеј Попов, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ за „Топ тема“ на Телма телевизија.

Попов истакна дека  успешна приказна значи кога нешто зачнало, се развивало и на крајот добило резултати, а овој закон не е тоа.

– Секогаш го поздравувам седнувањето на маса и договарање со останатите политички подмладоци, но мора да се работи на реализација на идејата. Во Законот за младинско учество затаивме во реализацијата и речиси ниедна од ставките членовите не е реализиран со исклучок на службениците за млади и локалните младински совети по стапувањето на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. Но, за другите одредби за жал не можеме да видиме реализација, рече Попов.

Попов посочи дека единствено резултати има во локалните младински совети каде локалната власт ја преземаа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, но на централно ниво не фукнционираат младински совети.

Во однос на младите во партијата, Попов нагласи дека УМС се застапени во сите листи структури и листи на партијата, кандидатски, има млади советници во сите општини кои потекнуваат од УМС.

Најсветлиот момент на 30 роденден на УМС на ВМРО-ДПМНЕ за прв пат во Македонија политички подмладок напиша свој програмски документ, стратегија за млади која ја нарековме „Визија за победи.  Стратегијата на УМС е промовирана во Прилеп за роденденот, а  во неа се објаснуваат сите сфери на општественото живеење како УМС го гледа патот по кој треба да оди државата и како да се стигне до поодбра цел, изјави Попов.

Попов додаде дека има неколку процеси кои се нешто надпартиско и треба да бидат настрана од партиски препукувања. Прва би ја истакнал негативната селекција при вработувањата во државните институции, втора коруптивноста на институциите и коруптивноста на правосудниот систем. Трет процес би бил младинскиот стандард и четврта работа која исто така за која мора да има консензус се националните интереси на Македонија. 

Попов истакна дека во изминативе неколку месеци градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ја враќаат надежта кај младите и народот дека кога нешто се сака, се може.

–  Имаме раздвижување на дневна основа, се отвораат мултинаменски игралишта, спортски центри, се реконструираат улици, се најавуваат проекти, се гледа раздвижување. Конкретно во Скопје се отвори спортски центар во Аеродром, а во соработка со ФФМ се најави стадион во Аеродром, два спортски центри во Бутел и тоа е тој нов импулс кој новата локална власт ја враќа надежта кај младите, нагласи Попов.

Во врска со советите на општините Попов изјави дека речиси и да нема општина во Македонија каде нема советник од редовите на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

– Тие советници ние сме ги делегирале, а партијата им дала шанса за истите да можат да влезат во општинските совети и ние младите да имаме младински претставници кои ќе се залагаат за младите. Морам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ е партија на младите луѓе-истакна Попов





Сподели го ова:

Слични објави