За весел почеток на учебната година, денеска во Прилеп фестивалот “Весели Ѕвончиња” одржа спектакуларен концерт во центарот на Прилеп

Сподели го ова:





























Оваа година во Прилеп ќе започне навистина весело и разиграно. Имено, денес (сабота, 30.08.2025 година) со почеток во 11 часот пред градскиот часовник започна голем детски спектакл каде настапија детските музички ѕвезди од најпопуларниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња” кои преку нивните весели песни го најавија разиграниот – весел почеток на новата учебната година во Прилеп.

А во Прилеп, како и на плоштадите ширум Македонија (како што се Охрид, Битола и сл.) последниве години највеселата журка ја прават ѕвездите од највеселиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња”, фестивал кој што од страна на публиката е прогласен за МОДЕРЕН – ДЕТСКИ СВЕТСКИ БРЕНД! Врз основа на тоа, музичките ѕвезди од овој детски музички фестивал направија спектакл за паметење и весела дружба каде сите заедно си посакаа успешна и весела нова 2025/26 учебна година.

Паралелно на тоа, веднаш до бината на Веселите Ѕвончиња кај прилепскиот градски часовник, беа доделени и 500 бесплатни училишни прибори од страна на Унијата на жени.




Сподели го ова:

Слични објави