АИРЛИЈА: Во црквата “св. Петка” во нас. Точила се поставени нови метални клупи, а воедно хортикултурно се уредуваше и дворот од храмот

Сподели го ова:


























Црквата “св.Петка” во населба Точила претставува црковен христијански храм, кој што секојдневно е посетуван не само од страна на верниците од населба Точила, туку и од останатите граѓани од општина Прилеп. Овој храм е местото каде што секојдневно мир пронаоѓаат голем број на верници. Имено, оваа црква е комбинација на современ историјат, ѕидовите се комбинација на полна печена цигла и ѕид од гранитни блокови, додека пак за надворешните ѕидови користена е една специјална печена тула. Храмот од почетокот на неговото осветување, постојано се надополнува со нови фрески, а воедно исто така постојано се доуредува и внатрешно, и надворешно во самиот двор во црквата.

Она што е најново кај овој православен христијански храм, се повеќето нови, метални клупи кои се поставени од левата страна од црковниот двор па се до камбанаријата. Станува збор за цврсти метални клупи со наслов за подпирање, наменети за верниците кои го посетуваат овој христијански храм.

Колку за потсетување, пред краток извесен период заврши отстранувањето на старата тревна површина, се пресадија зимзелените садници, се донесе нова почва за новата тревна површина, се постави систем за наводнување и се посеа новата тревна површина. Исто така, се заврши и со хортикултурното уредување на дворот од храмот св.Петка во населба Точила, каде за почеток се украсија канделабрите со сезонско цвеќе во различни бои.




Сподели го ова:

Слични објави