|

Со богата културно уметничка програма, се одржаа 37-мите Мариовско–Мегленските културни средби во манастирот „Свети Илија“ кај Витолиште

Сподели го ова:
























Со богата културно уметничка програма, пред многубројните посетители, оваа година по 37-ти пат, се одржаа Мариовско–Мегленските културни средби во манастирот „Свети Илија“ кај Витолиште.

“Упатив голема благодарност за организацијата до Здружението „Мариовско-мегленски културни средби“ од Прилеп, затоа што одржувањето на овие средби е од круцијално значење. Заедно со претседателот на Совет на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, со задоволство го проследивме колоритот од народни носии, македонски ора и песни, кои што потсетуваат на едни времиња кога Мариово беше многу, многу поживо. Со тоа што ги негуваме културните традиции и го истакнуваме македонскиот идентитет исто така се трудиме и да го промовираме Мариовскиот регион како извонреден потенцијал за развој на руралниот туризам. Оваа традиција на среќавање помеѓу мариовците кои што се исселиле од овие простори во потрага по подобар живот или биле присилно исселени, дефинитивно мораме да ја негуваме. Овие средби за одржување на контактите помеѓу македонскиот народ, се од суштинско значење како за Мариовскиот регион и за општина Прилеп така и за Република Македонија.Локалната самоуправа ќе продолжи да ја поддржува овааманифестација и се надевам дека во иднина сите заедно ќе придонесеме за одржување и зачувување пред се на оваа прекрасна, чиста животна средина” – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави