ЈОВЧЕСКИ: Ви честитам! Градот е горд што има ваква пожарникарска служба и вакви пожарникари, совесни, одговорни и посветени професионалци!

Сподели го ова:


























Прилеп, сеуште е потресен од немилата случка која ги зафати четирите прилепски семејства кои останаа без покрив на главата, кога пред некој ден од удар на гром изгореа нивните семејни куќи. И покрај навремената интервенција на противпожарната единица Прилеп, куќите изгореа до темел, но за среќа избегната е најголемата трагедија, бидејќи нема човечки жртви.

За време на пожарот, прилепските пожарникари се бореа со сите свои сили оваа трагедија да биде што помала, и истата да биде во што помали размери, а врз основа на тоа во знак на човечка благодарност, денеска прилепскиот градоначалник Борче Јовчески ги посети прилепските пожарникари, и им подели благодарници од Општина Прилеп, во знак на почит за нивната пожртвувност во изведувањето на работните задачи. Еве што поточно, им порача прилепскиот градоначалник Јовчески на прилепските пожарникари:

“Вашата битка, со огнените јазици е повеќе од херојство и градот Ви благодари за несебичната пожртвуваност и напорот кој го направивте, да ги спасите домовите и животите на луѓето и да не дозволите пожарот да се прошири и врз другите куќи. Благодарност упатувам до сите Вас, подеднакво! Суштината на пожарникарската професија е спасување, помагање и пожртвуваност. Токму, такви луѓе сте Вие – професионални и одговорни. Ви честитам! Градот е горд што има ваква пожарникарска служба и вакви пожарникари, совесни, одговорни и посветени професионалци! Затоа, во мое име, и во името на Локалната самоуправа, сакам симболично да Ви доделам Благодарници од Општина Прилеп, во знак на почит за Вашата пожртвувност во изведувањето на работните задачи!”-им порача прилепскиот градоначалник Јовчески на прилепските пожарникари.




Сподели го ова:

Слични објави