СЕКОЈА ЧЕСТ: Најпопуларните “Весели ѕвончиња” преку песна, а Магрони со најдобрата LADNA VODA, ја освежија публиката на Охридскиот плоштад

Сподели го ова:


























Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, односно фестивалот кој што од страна на публиката е прогласен за “МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД”, по барање на детската публика ширум Македонија, вчера одржа голем концењр на плоштадот во Охридската чаршија, каде што вриеше од народ. Паралелно со добрата музика, охриѓани и туристите уживаа и во најдобрата LADNA VODA од Магрони која беше Генерален спонзор на Веселите Ѕвончиња, бидејќи како велат: “најдобрите, секогаш соработуваат со најдобрите”.

Монентално, најпопуларниот фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” својот настап на охридскиот плоштад во охридската чаршија го започнува во 18:30 часот. Пред настапот, Веселите Ѕвончиња имаа одлична дружба во Охрид, а воедно исто така се започнаваа со културно историските споменици и знаменитости на градот. Настапот на Веселите ѕвончиња беше проследен со огромен број на публика, не само од Охрид и Битола, туку и од голем број на странски туристи кои уживаа во песните на најактуелниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”.

Колку за потсетување, минатиот месец, прилепската публика и гостите од другите градови, уживаа во најновото фестивалско издание кое за еден ден одржа две фестивалски претстави, а салите беа преполни, бидејќи секој сакаше да го погледне овој најактуелен детски музички фестивал. Како што знаеме сите, овој детски музички фестивал, од страна на публиката е прогласен за МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД. Оваа година, публиката имаше можност да слушне 16 ново-компонирани детски хитови, кои освен учесници од Прилеп, песните ги испеаа и учесници од повеќе градови од нашата Македонија.




Сподели го ова:

Слични објави