Абрашоски само што дојде за нов директор на прилепски Комуналец-веднаш започна со активности-Се доградува и проширува Прифатилиштето за згрижување на бездомни кучиња

Сподели го ова:




Со цел да се подобрат условите за престој на заловените кучиња, ,,ЈКП ,,Комуналец,, – Прилеп, го доуредува дворното место и боксовите за престој.Прекубројната популација на бездомните кучиња во општинава по заловувањето се сместуваат во Прифатилиштето, кое со правилно и хумано менаџираме од страна на вработените, успева да ја подобри сотојбата со бездомните кучиња. Препораката на вработените сертифицирани заловувачи и ветеринари е жителите од Прилеп, иматели на кучиња да применуваат кастрација и стерилизација во комбинација со здравствена заштита и тоа: микрочипирање, третман против ектопаразити и вакцинација против Беснило. Тимот кој работи на оваа проблематика ги охрабрува граѓаните да се вклучат во решавањето на комплексниот проблем со бездомните кучиња во општинава, да вдомуваат бездомни кучиња и да соработуваат со пријавување:тел. 048/428 992 емајл: presskomunalec@yahoo.comwww. komunalecprilep.com.mkили со порака на ФБ страниците од ,,Комуналец,, и Прифатилиштето за згрижување на бездомни кучиња.Според законската регулатива, заловените кучиња по кастрацијата, чипирањето и медицинскиот третман се враќаат на местото на заловување, живеат во градот Прилеп, лоцирани во различни населби и се препознатливи по извршеното чипирање.





Сподели го ова:

Слични објави