Новиот директор на Комуналец очигледно е дека си ја знае работата!! Утре превзема нова акција – ноќно миење на главните сообраќајници во Прилеп

Сподели го ова:





























Известување до жителите на Општина Прилеп од ЈП Комуналец – Прилеп

На 15.02.2026 година(недела), од 22:00 часот, се до 07:00 часот на 16.02.2026 година( понеделник), ЈКП,,Комуналец”-Прилеп, ќе извршува ноќно миење на главните сообраќајници во градов.

Се замолуваат жителите кои живеат на главните сообраќајници, или жители кои паркираат во наведениот термин, истите да ги отстранат од тротоарите.

Со оваа активност која редовно ќе ја извршуваме во иднина, придонесуваме кон подигнување на хигиената во нашиот град и создавање чиста и здрава животна средина.

Да придонесеме сите заедно, и одговорно да ја одржуваме чиста нашата општина.

Благодариме на разбирањето! – се вели во известувањето на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави