Комората за приватно обезбедување организира полагање на стручен испит за техничко и физичко обезбедување

Сподели го ова:


Комората за приватно обезбедување при нашата земја, организира полагање на стручен испит за ФИЗИЧКО обезбедување, кое ќе се одржи на 02.12.2021 год. со почеток во 16.00 часот. Имено, основни цели на Комората се: заштита и унапредување на стручноста, професионалноста, деловноста и заштита на професијата. Комората ги претставува правните лица кои вршат приватно обезбедување и ги застапува нивните интереси. Сите правни лица кои дејноста приватно обезбедување ја вршат во вид на давање на услуги се здружуваат во Комора за приватно обезбедување, заради заштита и унапредување на стручноста, професионалноста и деловноста и заради заштита на професијата. Правните лица кои вршат приватно обезбедување за сопствени потреби може да се здружуваат во Комората. Комората дејствува на цела територија на нашата земја со цел да се обезбеди поуспешно вршење на дејноста обезбедување на лица и имот.





Сподели го ова:

Слични објави