Корона вирусот се повеќе е присутен во Општина Прилеп

Сподели го ова:


Во последните 24 часа направени се 2.663 тестирања, а регистрирани се 432 нови случаи на КОВИД-19 од кои 31 се од Прилеп. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 4 починати лица од Скопје (45г, 78г, 88г и 90г), по 2 починати лица од Куманово (42г и 70г), Битола (51г и 68г) и Прилеп (66г и 70г), и по едно починато лице од Делчево (74г), Велес (79г) и Кочани (55г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени пет починати лица со датум на смрт од 04.11.2021 до 09.11.2021. Регистрирани се починати лица од Крива Паланка (2), Скопје (1), Прилеп (1) и Виница(1), на возраст од 57-82г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 4 лица се починати во болнички услови.Регистрирани сe 448 оздравени пациент.Досега во земјата се направени вкупно 1.418.655 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 207.998, бројот на оздравени пациенти е 192.370, на починати е 7.294, а бројот на активни случаи изнесува 8.334.





Сподели го ова:

Слични објави