УТРОВО ПУКАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ! Ученичка со пиштол повредила пет лица!

Утрово имало пукање во училиште во Русија, поточно во областа Брјанск, каде што ученичка од осмо одделение во училиштето донесла огнено оружје од кое што пукала неколку пати, а оваа вест е потврдена и од страна на оперативните служби.

„Според првичните информации, една ученичка внела огнено оружје во училиштето и испукала неколку истрели, при што се повредени пет лица. Потоа девојката се самоубила“ – соопштија од регионалното тамошно МВР.
Лекарите потврдија дека две жртви се во средно – тешка состојба, а се претпоставува дека ученичката го зела оружјето на нејзиниот татко.
