Вучиќ побара смртна казна за убијците на малечката Данка
Претседателот на Србија – Александар Вучиќ, ќе предложи да биде променет Кривичниот Законик и да се воведе смртна казна после убиството на малечката Данка Илиќ.
- Во минатото се залагав јавно и ја замолив владата на Србија, да разговара со Советот на Европа и да види дали е можно повторно да ја воведеме смртната казна, а да не сносиме последици. Ако некое дело заслужува смртна казна – тогаш ова е тоа дело, изјави Вучиќ.