21 годишник на семејна веселба “си славел” пукајќи со пиштолот во воздух

Сподели го ова:





























Вчера, (05.09.2024) во 09.50 часот, полициски службеници од СВР Штип извршиле службен разговор со Д.П.(21) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава дека на 04.09.2024 околу 12.30 часот на семејна веселба во Штип испукал неколку куршуми во воздух од пиштол „Екол специјал 99“ за кој не поседувал документација.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип, а полициски службеници ги подигнале чаурите за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок – информира МВР.

НАСЛОВНА ФОТО/ ИЛУСТРАЦИЈА




Сподели го ова:

Слични објави