Битолскиот градоначалник на средба со неговите колеги – докторите од Битола
Како лекар и Градоначалник, денес ми беше особена чест да се сретнам со моите колеги, здравствените работници кои секојдневно се грижат за здравјето на нашите сограѓани.
Во разговорот отворено споделивме мислења за состојбите во здравството, предизвиците со кои се соочуваме, но и за можностите кои можеме заеднички да ги создадеме за подобри услови за работа и поквалитетна грижа за пациентите.
Здравството не е само професија тоа е повик, должност и љубов кон човекот.
Горд сум на сите кои со срце и знаење се борат секој ден за животот и здравјето на луѓето.
Продолжуваме заедно, со хуманост, истрајност и верба дека Битола може и заслужува да биде град на достоинствен живот – истакна битолскиот градоначалник Тони Коњановски.


















