Веселите ѕвончиња Матеја и Михаил оваа година со дуетска песна на прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”

Сподели го ова:


























Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е 9001-768x1024.jpg

Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество на следното четврто фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!! Градот Прилеп е особено горд, зашто има детски музички фестивал кој што претставува МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД, бренд кој што е прогласен од страна на публиката како резултат на квалитетот на неговите песни. Како што знаете, станува збор за нај-актуелниот детски музички фестивал каде што пеат деца од цела наша земја. До сега на фестивалот имаат настапувано деца од повеќе градови како што се од Прилеп, Скопје, Радовиш, Крушево….. Секоја година, овој фестивал создава нови детски и тинејџерски хитови, кои постојано се пуштаат во поединиечните музички детски блокови секое утро на телевизиите во нашата земја. Имено Михаил Богданоски минатата година пееше на овој Детски музички фестивал во дует со неговата сестра Теона, при што двајцата ја испеаа песната “Сестра и братче”, песна која стана голем детски хит и постојано се пушта во утринските детски тв музички блокови на повеќе ТВ. Задоволен од соработката од минатата година, Михаил одлучи и оваа година да настапи на “Весели Ѕвончиња by JANA”-фестивалот кој што создава убави детски музички спомени. Некако на Михаил му тргна со дуетите на овој детски фестивал, па врз основа на тоа, и оваа година на овој најајтуелен детски фестивал ќе настапи со една екстра детска песна која ќе ја испее во дует со неговата братучеда Матеја Николоска која што и оваа година повторно и ќе пее на “Весели Ѕвончиња by JANA”. За братучедите Матеја Николска и Михаил Богданоски моментално се прави екстра музичка песна од страна на Уметничкиот директор на фестивалот Гоце Илиески-Балада, а одличен аранжман за оваа песна ќе направи Рубин Димкоски. Имено овие две детски музички ѕвезди учествуваа на минатогодишното фестивалско издание на прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2021, каде што на фестивалската сцена настапија учесници од повеќе градови од нашата земја. Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи кон крајот на мај 2022 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!




Сподели го ова:

Слични објави