|

Јутуберката Мила со ЕКСТРА песна од Гоце Балада ќе настапи на следното издание на “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2022

Сподели го ова:























Станува збор за девет годишната прилепчанка Мила Спиркоска од Прилеп која одлично пее, па како резултат на тоа годинава настапи на најактуелниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”-Прилеп 2021 каде што на иста сцена пееше со деца од повеќе градови од нашата земја, а нејзината песна се викаше “Јутуберка” песна која што наиде на голем број позитивни реакции од присутната публика во Прилеп. Како резултат на тоа, Мила се пријави и за учество на следното фестивалско издание на “Весели Ѕвончиња by JANA” каде што авторскиот тим предводен од Гоце Илиески-Балада и направи убава современа, детска-модерна песна. На 19-ти Септември оваа година во Прилеп за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД беше прогласен детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, а на овој фестивалски ден публиката во Прилеп имаше можност да слушне навистина убави, екстра модерни нови детски и тинејџерски песни со вистински модерен звук, кои можат рамо до рамо да се носат со големите светски музички хитови. Ова е само потврда дека освен за најмладите, Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” како моментално најмодерен детски музички фестивал покрај за најмладите, остава простор и за тинејџерите. Како резултат на светскиот квалитет на песните, Детскиот Музички Фестивал “Весели Ѕвончиња by ЈАNA” се здоби со титула “МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД”, бренд кој што веќе е препознатлив на нашето ѕвездено музичко небо ширум цела наша земја, а и надвор од неа. Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи кон крајот на мај 2022 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!! Инаку прилепчанката Мила освен што убаво пее, отвори сопствен Youtube канал “Mystic Mila”, каде што ги објавува своите видеа, и тоа на англиски јазик. Мила сосема совршено и одлично зборува англиски, а воедно и поседува голема способност за цртање. Браво Мила, секоја чест, тимот на “stanica.mk” ти посакува успех, и секогаш е тука за тебе, како и за сите останати талентирани деца медиумски да ги поддржи во нивните проекти, бидејќи децата се иднината на нашата земја. Во прилог, погледнете го првото видео на Mystic Mila, и уживајте во следните 8 минути во оваа аудио-визуелна уметност и не заборавајте да кликните Like и уште поважно – Subscribe!



Сподели го ова:

Слични објави