|

ГАЛЕРИЈА: Денеска во прилепското музичко училиште, започна првиот училишен ден во новата 2022/2023 учебна година

Сподели го ова:


























Денеска (12.09.2022 година) започна првиот училишен ден во основното музичко училиште “Ордан Михајлоски-Оцка” во Прилеп. Учениците и наставниот кадар во ова наше единствено музичко училиште во Прилеп, се надеваат дека новата 2022/2023 учебна година, ќе донесе многу нови радости, како и нови музички спомени, кои ќе бидат испреплетени со драгоцени другарувања на учениците и наставниците.

Интересен е податокот дека уште во 1948 година е согледана потребата и важноста за формирање на музичко училиште во Прилеп, кое ќе им овозможи на сите заинтересирани да можат музички да се образоваат. Наредната 1949 година, училиштето е формирано под раководство на директорот Данчо Шиндилоски. Oд тогаш – па се до ден денес, музичкото училиште во Прилеп претставува непресушен извор на музички таленти, а дел од тие таленти, односно дел од учениците од ова училиште се и многу детски музички ѕвезди кои пеат на најактуелниот прилепски, детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”.

Во прилог, погледнете ја галеријата на слики, од денешниот прв училишен ден во новата 2022/2023 учебна година во основното музичко училиште “Ордан Михајлоски-Оцка” во Прилеп.




Сподели го ова:

Слични објави