ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и Ковачевски ја поскапеa струјата, Душко Заев ќе профитира
Зоран Заев и Ковачевски ја поскапeа струјата, Душко Заев ќе профитира-се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ кое е упатено до јавноста. Во прилог, Ви ги пренесуваме нивното соопштение во целост:
“Зоран Заев додека беше на власт, и сега Димитар Ковачевски систематски ги уништуваат домашните капацитети за производство на струја. Хидроакумулациите ги пресушија, а РЕК го оставија без јаглен. За сега во сред енергетска криза Македонија да треба да ги покрива и до 50% од своите потреби на струја од увоз.
И откако СДСМ енергетски ја опустоши Македонија, Заев, преку неговиот син Душко Заев, отвора фирма за трговија со струја.
Заеви сега ќе печалат на грбот на народот, сите ќе плаќаат поскапа струја за менторот на Ковачевски Заев да ниже профити.
Затоа СДСМ не сака предвремени избори, затоа што ќе не може бизнисите на нивниот ментор да профитираат на грбот на народот” се истакнува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.