“The Dreamers” со нова екстра песна од Душко Темелкоски и Рубин Димкоски

Сподели го ова:


Прилепскиот бенд “The Dreamers”, веднаш после првата нивна успешна песна насловена како „Уживања“, македонската јавност ја изненадија со нов новогодишен хит. Станува збор за прилепски, веќе добро познат бенд кој што го сочинуваат вистински професионалци и докажани уметници и тоа: Викторија Стојческа – вокал, Маја Црвенкоска – вокал, Кире Најдоски – клавијатури и вокал, како и добро познатиот Милан Секулоски – гитара. Членовите на бендот преку своите големи музички способности, одлично ја доловија оваа песна која е дело на докажаните Душко Темелкоски и Рубин Димкоски. Дуле се јавува како автор на музиката и текстот, додека пак аранжманот е на Рубин Димкоски. Оваа песна има екстра квалитетен светски звук, а сето тоа се должи на квалитетот на самата снимка, бидејќи истата е снимена во најдоброто R Music studio на Рубин Димкоски.. Имено, овој прилепски бенд “The Dreamers” деновиве сними и спот за оваа песна. Колку за потсетување, прилепскиот бенд “The Dreamers”  оваа година направи вистински спектакал на летната сцена на Н.У.Ц.К. Марко Цепенков во Прилеп, каде што прилепчани имаа можност да слушнат што е вистински музички квалитет и што е вистинска музика отпеана и отсвирена од вистински професионалци. Овој бенд ова лето настапи во склоп на манифестацијата „Цело е кога се има 30“, каде отсвири “100% македонска музика во ритамот на 90 тите”. Она што е карактеристично за овој доста популарен прилепски бенд е дека основната движечка сила во бендот е токму сонот за музика, сонот за уметност, сон кој што овој бенд го преточува во реалност, реалност која преку песната допира до секој оној кој што се разбира во вистинска музичка уметност. Секоја чест “The Dreamers”.





Сподели го ова:

Слични објави