| |

Прилепчанката Теона Богданоска со голема брзина се искачува на нашето музичко ѕвездено небо

Сподели го ова:























Теона Богданоска иако млада, зад себе има богата музичка историја, како и големи музички корени, па врз основа на тоа, сето ова моментално ја прави една од најпопуларните кога станува збор за традиционалната македонска песна и негувањето на македонските корени кои што преку песна се опевале векови и векови. Оваа прилепчанка руши рекорди, кога станува збор за фамилијарните веселби во Прилеп и прилепско.

Како што знаете, станува збор за музички талентираната прилепчанка, која со сигурност високо ќе се искачи на нашето музичко, естрадно, ѕвездено небо. Богданоска, благодарение на својот глас (заедно со “Мелодија Бенд”) постојано има голем број на настапи, кога станува збор за фамилијарните веселби, како и народните собири по повод манастирските слави, каде во дворовите на манастирите се собираат голем број на граѓани за да преку песна и веселба го прослават христијанскиот празник.

Набрзо, публиката може да го очекува и најновото музичко парче од Теона за кое што ќе биде снимен и музички видео запис, кој со сигурност ќе го привлече Вашето внимание.

Секоја чест за оваа талентирана млада дама која со голема брзина се искачува на нашето музичко, естрадно, ѕвездено небо.



Сподели го ова:

Слични објави