Во театарот „Војдан Чернодрински“ се одржа комеморација по повод смртта на актерот Трајче Иваноски, доајен од ансамблот на Театарот
Во театарот „Војдан Чернодрински“ се одржа комеморација по повод смртта на актерот Трајче Иваноски, доајен од ансамблот на Театарот.За актерот, кој со душа и срце му беше посветен на театарот, зборуваа актерите Игор Трпчески и Александар Тодески, посочувајќи го неговиот плоден творечки опус ,со голем број сложени и стожерни ролји,реализирани во претстави од домашниот репертоар,светската драмска класика и современата драматургија.За Трајче, или Пепио, како што го викаа колегите проговорија Виолета Чакарова, Андон Јованоски Ашата, Наташа Ачански и Цветанка Чавлеска, пoтсетувајќи се на многубројните моменти поминати со него, во и надвор од театарот. Беа прочитани и текстовите со сочувство од Драмскиот театар – Скопје и театарот при НУЦК „Антон Панов“ од Струмица. На комеморацијата во театарот, освен семејството, бројните пријатели, колегите, присуствуваа и градоначалникот Борче Јовчески и претседателот на Советот Дејан Проданоски.