ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ВИЕ: Секое прилепчанче сака песна од Гоце Балада


После спектакуларното фестивалско издание на Детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, кој што четврта година по ред се одржа во Прилеп во НУЦК “Марко Цепенков”, организаторите на фестивалот распишаа нови Аудиции за наредното спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи наредната 2023 година. Имено, секој нов учесник добива ново-компонирана детска музичка песна со наслов по желба креирана од Гоце Балада, прилепчанецот кој што од страна на АКАДЕМИК оваа година беше прогласен за најкреативна личност во нашата земја во областа на културата, уметноста и маркетингот.
Заради големиот интерес за учество на наредното фестивалско издание на најактуелниот Детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” кое ќе се оджи во месец мај, наредната 2023 година, Веселото Ѕвонче Ве кани доколку имате од 4 до 15 години, преку Вашите родители да се пријавите на телефонскиот број на “БАЛАДА АРТ ПРОДУКЦИЈА”: 078/66-77-97. Бројот на места како и секоја година е ограничен, па затоа само најбрзите кои што ќе се пријаваат ќе ја имаат среќата да бидат учесници на фестивалот и да испеат новокомпонирана песна на наредното јубилејно фестивалско издание на најактуелен детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”. Во прилог, следува галерија од сликите од последното, спектакуларно фестивалско издание.




















