Пејачот Димитар Андоновски по втор пат стана татко
Пејачот Димитар Андоновски по втор пат стана татко. Имено среќниот татко веднаш ја сподели новата убава вест на социјалните мрежи при што напиша: “Ти благодарам предобар Господи што денес јас и Христина Андоновски по втор пат сме благословени, и од денес ќе му се радуваме на нашиот втор син.Добродојде сине Гаврил да ми си здрав жив и благословен да се радуваме заедно цел живот”-напиша пејачот Димитар Андоновски. Информативниот тим на STANICA.MK како моментално најактуелен портал во регионот, на младите родители им ја честита радоста. Имено, пејачот пред неколку години стапи во брак со прилепчанката Христина која што го освои неговото срце, и откако оваа убава прилепчанка го кажа “судбоносното ДА” нејзиниот роден град Прилеп го напушти и се пресели во Битола каде што сега среќно живее со Димитар и со нивните две дечиња.