И покрај снегот, сообрајќајот во Прилеп се одвива непрекинато по расчистени коловози
Врнежите од снег секогаш ја будат магијата на зимските денови. Иако со релативно мала снежна покривка, Прилеп утринава се разбуди во зимско руво прв пат во новата година. Сообрајќајот се одвива непрекинато по расчистени коловози а исто така и централното градско подрачје беше веднаш расчистено од надлежните служби. А доказ за тоа е задоволството кај прилепчани, и следниве фотографии кои ги објавуваме во прилог: