ВИДЕО: Погледнете што изјавува светскиот шампион-прилепчанецот Вања, по повод добиената 3-то ноемвриска награда
Како што информираа од ООУ “Климент Охридски” во Прилеп, нивниот ученик Вања Ѓорѓиоски учествуваше на светското финале на натпреварот по англиски јазик Хипо, кое се одржа од 28-30 септември во Рим, Италија.
Ѓорѓиоски се натпреваруваше со ученици од целиот свет: Италија, Хрватска, Србија, Романија, Бугарија, Латвија, Тунис, Малезија, Египет, Филипини, Виетнам и многу други. Од 28 финалисти во категоријата Хипо 1, го освои ПРВОТО место и доби златен медал, светски признат сертификат за неговото познавање на англискиот јазик и школарина, додека пак неговата менторка, наставничката Фросина Ацевска доби бесплатен TEFL курс.
Воедно, Вања и неговата менторка за својот успех, пред некој ден на свечената седница на Советот на Општина Прилеп, по повод Денот на ослободувањето на Прилеп, добија и третоноемвриска награда. Погледнете што изјавува овој талентиран млад прилепчанец по повод оваа награда, преку видеото, кое следи веднаш после рекламното соопштение за најголемиот детски спектакл кој што ќе се случи на 20 Ноември во Прилеп: