Обилни снежни врнежи вчера вечерта ја зафатија целата територија на Општина Демир Хисар, а градоначалникот Најдовски проблемот го реши само за неколку часови

Сподели го ова:























Обилни снежни врнежи, вчера вечерта ја зафатија целата територија на Општина Демир Хисар.Екипите за зимско одржување на ЈКП “Комуналец” уште од вчера веќе беа на терен, со цел навремено и квалитетно справување со настанатата ситуација. Основната цел е овозможување на непречено движење на граѓаните на Општина Демир Хисар. Градоначалникот на Општина Демир Хисар-Никола Најдовски, изврши увид на текот на работните активности на зимската служба и динамиката на расчистување на улиците низ општината. Имено, ако направиме една анализа на севкупната ситуација, и во однос на она што граѓаните од Општина Демир Хисар го изјавија за stanica.mk, тогаш можеме да констатираме дека постои големо задоволство помеѓу граѓаните од оваа општина во однос на тоа како се справува градоначалникот Најдовски со севкупното менаџирање на Демир Хисар, а исто така постојат и позитивни реакции и за Директорот на ЈК “Комуналец”-Демир Хисар-Гоце Мицковски, кој што како директор на комуналното претпријатие презема конкретни чекори за навремено отстранување на снегот.



Сподели го ова:

Слични објави