Оваа среда во Прилеп, ќе биде презентирана раноантичка монументална гробница на Пелагониски кнез, која се наоѓа помеѓу двете прилепски села Подмол и Бонче
Во среда, 19.10.2022 година со почеток од 18 часот, во просториите на Друштвото за наука и уметност – Прилеп (веднаш до поранешниот Работнички универзитет), нашиот прилепчанец Душко Темелкоски ќе ја презентира единствената, раноантичка монументална гробница на Пелагониски кнез, која се наоѓа помеѓу двете прилепски села Подмол и Бонче. Воедно, ќе стане збор и за дебата…









