| |

ВИДЕО: Нова екстра песна и видео спот на талентираниот прилепчанец Филип Николоски

Сподели го ова:





























Пред неколку години го издаде своето првенче, песната “Тебе те нема”, песна за која што музиката и текстот ги напиша Гоце Илиески Балада, додека пак аранжманот беше на маестро Рубин Димкоски. Како резултат на големиот успех и популарност на младиот и талентиран Филип Николоски кој го достигна со оваа песна, овој прилепчанец потоа издаде уште еден нов летен музички хит и песната “Вози-вози ме”.

Имено, денеска на својот роденден, Николоски официјално ја објави својата нова песна преточена преку видео запис. Станува збор за песната “Само на добро нека е” која со сигурност ќе го освои Вашето внимание. Во оваа песна како автор на текстот се јавува Душко Темелкоски, додека пак како автор на музика и аранжманот се потпишува маестро Рубин Димкоски, и истата песна е снимена во неговото “R Music studio”, музичко студио каде што снима речиси целата естрада, како што се Миле Кузмановски, Тајфата, Гоце Балада, како и голем број на други истакнати музички имиња од нашата естрада.

Што се однесува до Филип, за оваа одлична песна има направено екстра квалитетен музички спот, кој го направи Fan production- Зоран Пилата, човек кој што кога станува збор за филмови, свадби и музички спотови последниве години руши рекорди низ цела наша земја. Како изгледа песната и самиот видео запис, погледнете во прилог:




Сподели го ова:

Слични објави