|

ЧЕСТИТКИ: Прилепскиот театар повторно се закити со две значајни награди

Сподели го ова:


























Театарот „Војдан Чернодрински“ освои вкупно две награди 25 –тиот фестивал на Денови на комедијата во Куманово, и тоа награда за најдобар актер – Димитар Ѓорѓиевски (за улогата на слугата Пеце во претставата „Да инспекторе, претстава со грешки“ ) и награда за најдобра сценографија – Илина Ангеловска (сценографија во претставата „Да инспекторе, претстава со грешки“ ).

Одлуката беше донесена од страна на жирито во состав: -претседател – Магдалена Ризова Черних (актерка) членови на жирито: Драгана Таневска (режисерка), Илија Струмениковски (актер), Петар Андоновски (писател), и Крсто Богојевски (сценограф).




Сподели го ова:

Слични објави