Утре во Крушево – уште еден голем светски настан! Започнува Светско јуниорско првенство во параглајдинг
Крушево од овој понеделник е домаќин на голем светски спортски настан. Станува збор за Светското јуниорско првенство во параглајдинг – натпревар кој уште еднаш го става Крушево во центарот на вниманието на светската параглајдинг сцена.
Крушево е одамна препознатливо како една од најдобрите дестинации за овој спорт во регионот. Со посветена работа и вложувања во инфраструктурата, градоначалникот Чонески започна да ги подобрува условите за летање и да создадава амбиент во кој големите натпревари и светските пилоти се секогаш добредојдени.
Во следниот период ќе се продолжи со развој на параглајдинг инфраструктурата, со изградба и уредување на две нови полетишта кои ќе придонесат за уште подобри и побезбедни услови за сите љубители на летањето.
Повелете во Крушево!


















