Утре во Охрид, веднаш по церемонијата за осветување на водите од Охридското Езеро, следува богата музичка програма
Утре, Светиот крст во водите на Охридското Езеро ќе биде положен во 10:00 часот од градското пристаниште, а чинот на полагањето ќе го изврши Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан!
По церемонијата за осветување на водите од Охридското Езеро, за доброто празнично расположение, на градскиот плоштад е предвидена богата музичка програма. Свои настапи ќе имаат: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и групата ДНК, со композиции од музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“.