Проданоски: Нека Свето Преображение Господово донесе здравје, мир, благодет, љубов и радост во секој прилепски дом
Свето Преображение – празник на верата, надежта и духовното преобразување.
Денеска, со молитва, вера и благослов, го одбележуваме големиот христијански празник Свето Преображение Господово, празник кој нè потсетува на силата, верата, надежта и духовната обнова.
“Присуствувавме на светата богослужба во храмот „Свето Преображение“ во Прилеп, заедно со бројните верници кои достоинствено ја продолжуваат традицијата и ја чуваат верата.
Во овие празнични денови се потсетуваме на вредностите што нè обединуваат, љубовта, почитта, човечноста и грижата за ближниот. Тие нека ни бидат патоказ во секојдневието и темел врз кој заеднички ќе градиме подобра иднина за нашиот Прилеп.
Во духот на празникот, утрово го започнавме и одбележувањето на значајниот 36-годишен јубилеј од основањето на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Роденден кој носи сеќавање на традицијата, истрајноста и вредностите на кои се темели нашето делување.
Одбележувањето на овој значаен јубилеј продолжува вечерва, во 19:00 часот, пред Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп. Со почит кон минатото, заедно продолжуваме да ја градиме иднината.
Нека Свето Преображение Господово донесе здравје, мир, благодет, љубов и радост во секој прилепски дом” – истакна прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.


















