РАДОСТ-ПРИЛЕПЧАНИ СОБРАНИ НА ЕДНО МЕСТО: Нека Преображението Господово, го преобрази кон подобро целото човештво кое отстапило од верата и Бога
Како што кажуваат постарите, на Преображение се преобразува и листот и гората, и каменот во водата, листовите почнуваат да жолтеат и да опаѓаат, а водата станува постудена, па не е за капење.
Прилепскиот црковен храм “св.Преображение”, или кај прилепчани познат како “Грчка црква”, денес ја слави својата црковна слава по повод големиот христијански празник св.Преображение. Во овој православен, прилепски- црковен храм денеска имаше света литургијата, при што како и секоја година-така и оваа, голем број на прилепчани ја посетија оваа црква, си присуствуваа на божествената литургија, си запалија свеќа за свое, но и за здравјето на своите најблиски, бидејќи црквата е оној единствен патоказ по кој треба да се движиме.
Денеска во црковниот храм “св.Преображение”, немаше место ниту “игла да се фрли”, бидејќи црквата беше преполна со верници, онака како што доликува на еден православен христијански храм.
За многу години и на помош! Нека Преображението Господово го преобрази кон подобро целото човештво кое отстапило од верата и Бога, и го врати во црквата – онаму каде што припаѓа!