ДЕНEСКА Е ВЕЛИКИ ПОНЕДЕЛНИК: Од денеска започнува страсната недела

Сподели го ова:


Од денеска започнува страсната недела. Имено, оваа страсна недела од Велики понеделник до Велика сабота, православните христијански верници ја поминуваат во молитви, покајание и строг пост. Оваа недела се нарекува „страстна недела” врз основа на старословенскиот збор „страст” што претставува болка, страдање и трпение. Од денеска на богослужбите во црквите, насекаде во црковните православни храмови се потсетуваме на последните земни денови на нашиот спасител Исус Христос, неговото приведување и неговото големо страдање на крстот. Што се однесува пак до денешниот понеделник, битно е да се нагласи дека станува збор за Велики понеделник каде што православната црква потсетува на осум библиски настани и тоа четири од Стариот и четири од Новиот Завет. Денешниот Велики понеделник е: ден на старозаветниот Јосиф, намразениот од браќа си, ден на маките во ропството, ден на пророчките виденија, ден на праведниот Јов, како и ден на бесплодната смоква, неправедните лозари, за крајот на светот и очистувањето на храмот.





Сподели го ова:

Слични објави