ДА ПОМОГНЕМЕ: Повик до сите граѓани да помогнат на прилепските семејства од оваа трагедија каде гром запали четири прилепски куќи

На социјалните мрежи веќе се споделуваат апели за помош на четирите семејства кои што ги загубија нивните живеалишта како последица на гром кој што предизвика пожар во овие прилепски домови. Добро е, што прилепчани секогаш излегуваат во пресрет на ваквите хуманитарни акции.

Колку за потсетување, како што објавивме во претходните наши објави, вечерва веднаш после полноќ, на улица “Кузман Шапкарeв” во Прилеп, yдap од гpoм пpeдизвика голем пожap во неколку семејни куќи на оваа прилепска улица. Веднаш после пријавата на пожарот, пожapникapите од ТППЕ-Прилеп со натчовечки напори посотјано правеле обиди да спасат што повеќе од зафатените семејни имоти од огнените пламени јазици, а некои од прилепските пожарникари се здобиле и со повреди.Благодариние на нивната брза интервенција, пожарот бил изгаснат утрово околу 03 часот.
