На охридскиот аеродром свечен пречек на првиот лет на Turkish Airlines од Истанбул кон Охрид

Сподели го ова:





























Денеска се реализира првиот лет на Turkish Airlines од Истанбул кон Охрид, кој пристигна на аеродромот „Свети Апостол Павле“. Овој нов авионски коридор претставува значаен чекор за поврзаноста на Македонија со светот, отворајќи нови можности за туризам, бизнис и културна размена.

Со воспоставувањето на оваа линија, Охрид уште повеќе се позиционира како атрактивна дестинација за туристи од Турција и поширокиот регион. Истовремено, македонските граѓани добиваат олеснет пристап до една од најголемите светски авио-мрежи, што ќе придонесе за подобра поврзаност и економски развој.

Голема благодарност до Turkish Airlines за довербата и инвестицијата во овој лет, како и до сите институции и партнери кои помогнаа во реализацијата. Ова е само почеток на една успешна соработка која ќе донесе бројни придобивки за двете земји!




Сподели го ова:

Слични објави