ВЕЧЕРВА ИМАШЕ РЕКИ НАРОД ПРЕД ВЛАДА: Присутните кажаа “НЕ” за францускиот предлог

Сподели го ова:


























opstina

Реки народ денеска се насобраа пред Владата на Република Македонија. На овој сенароден протест освен ВМРО-ДПМНЕ и партијата “Левица”, поддршка дадоа и други останати партии, како и голем број на граѓани кои со своето присуство кажаа “НЕ” на францускиот предлог.

Најпрво сакам да ви посакам добредојдовте на овој голем сенароден протест. Овде нема политика, овде има само една партија, тоа е Македонија, и тука се луѓе од сите политички партии, но и оние кои што се неопределени, а кои што изминатото деноноќие дадода голем отпор и на социјалните медиуми јавно, но и во друштво со своите сомисленици. Она кое што сакам да го порачам дека денеска Македонија се буди и сите оние кои што сакаат со потпис за ден, два од денеска да стават крај на Македонија ова нема да им го заборави македонскиот народ и македонските граѓани. Нас не ни треба Европа ако треба да се асимилираме. Јас не сакам да бидам во Европа затоа што имам право да бидам Македонец кој што говори на македонски јазик и кој што се бори за својата Македонија и за својот идентитет, за својата култура, за својата историја и за своето наследство. Тоа е она кое што сакам денеска да го порачам и тоа го порачуваат овие десетици илјади граѓани за неколку недели од оној грандиозен настан на 18 јуни. На оние од владата сакам да им порачам дека не ме интересирам мене пораката на Еди Рама, мене ме интересира пораката на овие илјадници луѓе овде. А тоа е НЕ за последниот предлог. Ќе почекаме ако Европа не е подготвена да не прими нас, цивилизираните Македонци, на цивилизиран и достоинствен начин таму каде што ни е местото, а тоа е во Европа, ќе почекаме кога ќе дојдат луѓе кои што го разбираат она кое што ние денеска сакаме да го кажеме, а тоа е Македонија пред и над се, македонскиот идендитет пред и над се“-нагласи Мицкоски пред почетокот на сенародниот протест, а веднаш по завршувањето, од страна на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го повторија нивниот став при што истакнаа:

Не прифаќаме асимилација, не прифаќаме бришење на македонската историја, не прифаќаме бугаризирање на Гоце Делчев, на Дамјан Груев, на Јане Сандански, на Ѓорче Петров и на сите останати коишто со живот го платија тоа што денеска ние го живееме, а тоа е независна и суверена Македонска држава!“-истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.




Сподели го ова:

Слични објави